За здружението
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник – Прилеп, Република Македонија е формирано на 25 мај 2015 година има за цел да им даде помош и поддршка на работниците во земјоделскиот сектор, текстилната индустрија, и во други дејности.
Во согласност со Статутот на Здружение Достоинствен Работник заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи делува преку:
Здружението ДОСТОИНСТВЕН РАБОТНИК е респектабилен партнер, кој работи на едукација за работничките права и нивна заштита, поттикнување на солидарност и мотивација со цел унапредување на статусот на работниците во заедницата.
Здружението од своето формирање до денес има воспоставено соработка и комуникација со институциите на државно и локално ниво, граѓанските организации и синдикатите.
Здружението во согласност со Стратегискиот план 2018-2021 година ќе делува преку следните цели:
цел 1: Подобрени знаења, капацитети и соработка кај работниците и другите чинители во заедницата од областа на трудовото право, земјоделскиот сектор, безбедност и здравје при работа.
цел 2: Засилена промоција за заштита на работничките права.
цел 3: Унапредување на политиките во областа на трудовото право.
Здружението Достоинствен Работник членува во Македонска платформа против сиромаштија; ИПА2 Механизмот; Мрежа за финансиска одржливост на граѓанските организации; Мрежа за поддршка на млади претприемначи и Мрежа за медиумска писменост во Република Македонија.

- Заштита и унапредување на правата на работниците во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.
- Заштита и безбедност при работа во текстилната индустрија, земјоделието, трговијата и други дејности.
- Идентификација и превенција од трудова експлоатација и заштита на жртви на трговија со луѓе.
- Соработка со граѓански организации (НВО сектор), фондации и синдикати кои работат на заштита и унапредување на работничките права.
- Заштита од мобинг и дискриминација на работниците.
- Посебна заштита на на младите работници, жените, повозрасните работници и пензионерите.