За здрави и безбедни работни места во текстилната индустрија
Здружение Достоинствен Работник во наредниот период ќе го реализира проектот „Подобрување на имплеметацијата на законите и политиките поврзани со безбедноста и здравјето на работното место во македонската текстилна индустрија“ со поддршка од Европска Комисија преку грантова шема на Македонско здружение за заштита при работа. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации кои ги претставуваат работниците за ефикасен и продуктивен социјален дијалог, процеси на донесување одлуки поврзани со безбедноста и здравјето при работа и спроведување на владеењето на правото за БЗР. Крајните резултати би биле зголемена информираност и промена во начинот на размислување и однесување на работниците во текстилната индустрија за значењето на безбедноста и здравјето при работа.
Прилеп, 28 ноември 2022 година |
Граѓански осврт на секојдневните проблеми и потреби на работниците ---> |
Здружение Достоинствен Работник во соработка со ДИД Медиа Прилеп во текот на наредните месеци ќе објавува пишани текстови поврзани во областа на заштитата и унапредување на правата на работниците и младата популација.
Повеќе информации на следниот линк |
За подобри работни места
Здружение Достоинствен Работник во согласност со проектните активности и задачи на ден петок 05 март 2021 година организира јавна дебата на тема: “Економско и социјално влијание од Ковид-19 врз неформалната економија во локалната заедница“. Целта на дебатата е да се обезбеди олеснување на работниците и претпријатијата за заштита на живеењето и економски одржливите бизниси, особено во тешко погодените сектори од неформалната економија предизвикани од пандемијата Ковид-19. Панелисти на дебатата беа м-р Јована Тренчевска, директорка на Државниот инспекторат за труд, Христина Здравеска од здружение Станица ПЕТ и Марина Тошеска од здружение Агро Лидер Кривогаштани, додека модератор на дебата беше Магдалена Прангоска од здружение Достоинствен Работник. Дебатата е поддржана од страна на Фондација Отворено општество-Македонија. Благодарност до сите учесници на настанот и до новинарите кои дадоа свој придонес кон промовирањето на активноста и проектот.
Се кршат работничките права (прилог тв Сител) Прилеп, 10 март 2021 година *** Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник од Прилеп е дел од регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од Ковид-19 преку поддршка на ранливите групи, ниско платените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“ со финансиска поддршка од заедничкиот фонд за брз одговор на Ковид-19 на Фондациите Отворено Општество од земјите во Западен Балкан. Во Република Северна Македонија проектот го спроведува конзорциум од 6 организации составен од Институт за економски истражувања и политики Finance Think-Скопје; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ – Скопје; Аналитика – Скопје; Здружение Гласен текстилец – Штип; Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник и Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија. |
Социјалното претприемништво како пат во кариерата
Здружение Достоинствен Работник во рамките на проектот: „Унапредување и одржување на правични и продуктивни работни средини за развој на локалната заедница“ поддржан од швајцарската програма Цивика Мобилитас, на ден петок 26 февруари 2021 година, реализира тркалезна маса со присуство на професори/ментори од кариерните центри од средните училишта од Прилеп и претставници од граѓанскиот сектор за предизвиците и перспективите на социјалните претпријатија во земјата и регионот. Воедно, Стефан Чичевалиев од Опсерваторија за социјално претриемништво од Скопје, истакна дека социјалните претпријатија се карактеризираат со тоа што, иако користат претприемачки принципи, се стремат да и служат на заедницата. За разлика од другите бизниси, профитот кај овие претпријатија се реинвестира за постигнување на конкретна општествена промена. Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој, обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиени заедници и вработуваат лица од ранливи групи. Заклучокот од тркалезната маса е дека развојот на социјалното претприемништво во Северна Македонија е неопходно да биде стратешки поддржан и да се интегрира во плановите за економски и одржлив развој. Во поддршката на социјалната економија потребно е да се вклучи пошироката бизнис заедница паралелно со јавните институции и агенции како и граѓанскиот сектор.
Прилеп, 01 март 2021 година |
|
Одржана обука за БЗР за работниците во неформалната економија од општина Прилеп
|
На ден 25 декември 2020 година во х.Кристал Палас се одржа едукативна работилница на тема: „Безбедност и здравје на работно место - основни поими, дефиниции и мерки за заштита“ во организација на здружение Достоинствен Работник со поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија. Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти следејќи ги одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа. Учесници на работилницата беа претставници од синикатот на културата, домашни работни, граѓански организации и од занаетчиската комора. Предавач на работилницата беше Славица Јанкова од Македонско здружение за заштита при работа. Благодарност до сите присутни за реализацијата на работилницата.
Проектот кој го реализира здружение Достоинствен Работник е да се обезбеди проактивна социо-економска анализа, едукација, солидарност и заштита на работниците од неформалната економија (домашни работници, културни работници и работниците во угостителството) во општина Прилеп во справување со Ковид-19. Прилеп, 30 декември 2020 година |
Да создадеме подобри работни услови за младите во локалната заедница
Здружение Достоинствен Работник во рок од 7 месеци ќе го реализира проектот: „Унапредување и одржување правични и продуктивни работни средини за развој на локалната заедница“ со поддршка од програмата Цивика Мобилитас. Целтта на проектот е да се подобрат условите во инвестициската политика на локалната заедница, развој на претпријатијата, образованието и активните политики на пазарот на трудот од страна на општината. За постигнување на резултатите од проектните активности ќе се соработува со општината, средните училишта, институциите, бизнис секторот на локално ниво со цел активно вклучување на младата популација во донесувањето на одлуки и нивно учество во пазарот на труд.
Прилеп, 15 декември 2020 година |
Потпишан Меморандум за соработка со ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани
Во присуство на претставничките на ЛАГ Агро Лидер во просториите на здружение Достоинствен Работник се потпиша Меморандум за соработка со цел обезбедување на квалитетен живот на луѓето во руралните средини, заштита на работниците во земјоделскиот сектор и креирање на можности за одржлив развој на руралните средини преку отворање на зелени работни места. Меморандумот ќе ги поттикне правните субјекти кон развој на современо земјоделско производство и јакнење на економијата во Р.С.Македонија. Меморандумот го потпишаа претседателите на ЗДР и ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани, Даниела Цветаноска и Гоце Блажески.
Прилеп, 19 ноември 2020 година |
Потпишан Меморандум за соработка со Македонски полициски синдикат
Во просториите на здружение Достоинствен Работник со присуство на претставници од Македонски полициски синдикат се одржа чин на потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот има за цел да ги зајакне и унапреди капацитетите на полициските работници преку подобрување на условите за работа, безбедност и здравје при работа, борба против корупцијата, реализирање на проекти и иницијативи, и сл. Исто така, правните субјекти заеднички ќе се залагаат за унапредување и промовирање на работничките права и нивна заштита преку одржлив економско-социјален развој во Р.С.Македонија. Меморандумот го потпишаа Претседателот на ЗДР, Гоце Блажески и Претседателот на МПС, д-р Марјан Кицев.
Прилеп, 17 ноември 2020 година |
|
Потпишан Меморандум за соработка со Станица ПЕТ од Прилеп
|
Во просториите на здружение Достоинствен Работник се потпиша Меморандум за соработка со Здружение за правна едукација и транспаретност Станица П.Е.Т од Прилеп. Меморандумот за соработка ќе делува кон соработка во унапредувањето на политиките во областа на трудовото право, акции за промоција и поттикнување на поголема заштита и превенција на граѓаните од Ковид-19, подобрување на транспаретноста и отчетноста на владините чинители во локалната заедница, итн. Меморандумот за соработка го потпишаа Гоце Блажески од Здружение Достоинствен Работник и Весна Шапкоски од Здружение Станица П.Е.Т.
Прилеп, 16 октомври 2020 година |
Здружение Достоинствен Работник повикува работодавачите да не ги прекршуваат работничките права за време на пандемија Ковид 19
Здружение Достоинствен Работник на ден среда, 02 септември 2020 година одржа прес конференција каде беа презентирани дел од прекршувањата на работничките права во неформалната економија во општина Прилеп и промовирање на регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“ со поддршка од Фондација Отворено општество - Македонија.
...Секоја одлука донесена спротивно на закон, може да биде основа за поништување на оваа одлука и враќање на работникот на работа, како и исплата на плата за периодот кога не работел а би требало да работи. Во практика забележавме дека одредени хронично болни лица, ослободени со владините мерки и препораки, беа принудувани да одат на своите работни места, со што се повредуваат работничките права. Иако во помалку случаи, сепак беше забележано и принудување за одење на работа на родител на дете до 10-годишна возраст и отпуштање од работа на оваа категорија на работници – вели Аризанкоски. Во продолжение изјавата на Рубинчо Аризанкоски, за ТВ Сител и веб порталот ИнфоКомпас преку новинарот Дарко Штаргоски. Благодарност и до останатите медиуми кои ја објавија веста. Прилеп, 3 септември 2020 година |
|
Здружение Достоинствен Работник во борба против Ковид-19
Со цел да се ублажат социо-економските последици од влијанието на Ковид-19 за ранливите групи, Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди 148.000 долари локална поддршка преку регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“ Проектот се спроведува во земјите од Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество. Здружение Достоинствен Работник ќе реализира проект чија цел е безбедување на проактивна социо-економска анализа, едукација, солидарност и заштита на работниците од неформалната економија (домашни работници, културни работници и работниците во угостителството) во општина Прилеп во справување со Ковид-19. Проектот ќе се реализира една година со менторска поддршка од Аналитика Скопје.
За повеќе информации може да се прочита тука. Прилеп, 27 јули 2020 година |
Прибирање понуди за изработка и емитување на видео и радио сторија
Здружение Достоинствен Работник во текот на месец септември 2019 година го објавува Повикот за прибирање понуди за изработка и емитување на видео и радио сторија дел од проектот “Не биди роб – информирај се за своите работнички права!“ кој се реализира во општина Прилеп со поддршка од Европската Унија преку грантова шема на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта во рамките на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: „Препознај, почитувај и остварувај права“. Основната цел на проектот е да се воспостави механизам за информации и превенција од трудова експлоатација меѓу работниците. За успешно реализирање на проектот потребно е да се изврши видео и радио сторија со цел утврдување на постоење на трудова експлоатација на работниците и условите за работа во текстилната индустрија.
Рокот за поднесување на понудите е до 10.09.2019 година до 16 часот. Прилеп, 02 септември 2019 година -Барање за прибирање на понуди |
Одржана прес конференција за состојбата на текстилните работници во Прилеп
Во просториите на здружение Достоинствен Работник се одржа прес конференција по повод Извештајот од реализирано теренско истражување кај работниците во текстилната индустрија во Прилеп. Извештајот е дел од проектот „Не биди роб-информирај се за своите работнички права!“ поддржан од ЕУ преку грантова шема на здружение Отворена Порта.
-Работниците велат дека нормите се превисоки и не може да ги исполнат. Брзото темпо на работа води кон замор, исцрпеност, монотоност. Постојат дискриминација и мобинг. Работниците не веруваат во синдикалните здруженија и за нив не се познати синдикатите дека постојат. Имаат страв да го контактираат трудовиот инспекторат. Се откри и случај кога на работник му беше прекршено работничкото право. Следуваше контакт со трудовиот инспекторат. И, покрај тоа што работникот постапил согласно законските прописи, не добил ниту извештај од Државниот трудов инспекторат, ниту одговор од компанијата за неговиот работен статус. Иако е јасно дека работничките права му се прекршени, неговиот случај стагнира и е без резултати, објаснува Нежлан Исмаилоска, теренски истражувач. Прилеп, 27 август 2019 година |
Достоинствен Работник со претставници на меѓународна конференција во Загреб
Во организација на ХКД Напредок од Р.Хрватска се одржа Меѓународна конференција на тема: "Младите и пазарот на труд, промотори на социјална кохезија". Конференцијата ја отворија г. Franjo Topic, Претседател на ХКД Напредок и г. Luc Van Den Brande, Претседател на Европскиот центар за работнички прашања (EZA Germany) и истата беше поддржана од ЕУ и ЕЗА. Учество зедоа и претставници на здружение Достоинствен Работник, со своја презентација на тема: "Состојбата на младите и образованието во Северна Македонија". Присуство зедоа над 6 земји и 40 учесници од различни организации, институции и синдикати. Конференцијата се одржа во периодот од 06-08 јуни 2019 година во Загреб. Конференцијата е поддржана од ЕУ и ЕЗА.
Прилеп, 09 јуни 2019 година |
Работилница за текстилните работници во Општина Прилеп
|
Здружение Достоинствен Работник во рамките на проектот "Не биди роб-информирај се за своите работнички права!" ја реализира работилницата на тема: "Трудова експлоатација-македонска реалност" поддржана од ЕУ преку грантова шема на Отворена Порта. Целта е да се запознаат учесниците со проблемите од трудовата експлоатација во текстилната индустрија и нејзино намалување, заштита на детската експлоатација и презентација на новиот Закон за социјална заштита и анализата за соатојбата на ДИТ и нивно активирање. Обучувач беше Зоран Биковски, граѓански активист и социолог.
Прилеп, 28 мај 2019 година |
Европа без сиромаштија!
На Денот на Европа, 9 Мај, ја користиме приликата да потсетиме на катастрофалното влијание што сиромаштијата го има врз животите на 115 милиони луѓе (или се во ризик од неа) во Европа, но и низ пошироката заедница. Европа ќе има поголеми долгорочни резултати за идните генерации, ако на социјалните инвестиции, социјалната заштита и социјалните услуги им се даде нивото на приоритет што го заслужуваат и во политичките дискусии за иднината на Европа и финансиските дискусии за идниот европски буџет. Здружение Достоинствен Работник како членка на МППС дава поддршка на EAPN - European Anti Poverty Network во кампањата за #ЕвропаБезСиромаштија и се надева дека идните европратеници ќе работат посветено и одговорно во искоренување на #сиромаштија и социјална исклученост. #EUPovertyFree #NoMorePoor
Прилеп, 09 мај 2019 година
Прилеп, 09 мај 2019 година
Објавен извештај за квалитетот на јавните услуги во општините
Делчево и Македонска Каменица
Невладината организација КХАМ од Делчево, во рамките на проектот “Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавните услуги“ подготви Извештај за квалитетот на јавните услуги во општините Делчево и Македонска Каменица и задоволството на граѓаните од нив. Извештајот како и проектот се финансирани од Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада во Скопје. Истражувањето има за цел да даде одговор на задоволството на вработените во приватниот сектор, од општините Делчево и М.Каменица од постапувањето на Трудовиот Инспекторат по поднесени претставки. Имено во овие две општини доминираат текстилната индустрија и градежништвото, двете индустрии за кои важат како гранки каде и највеќе се кршат работничките права. Истражувач и подготвување на извештајот е Зоран Биковски од организацијата КХАМ Делчево. Здружение Достоинствен Работник дава поддршка на извештајот кој во целост е за унапредување и заштита на правата на работниците во Источниот дел од земјата.
Во прилог е извештајот за квалитетот на јавните услуги. Прилеп, 09 мај 2019 година |
Достоинствен Работник активен учесник на конференцијата во Словенија
|
Претставници на здружение Достоинствен Работник зедоа активно учество на Меѓународната конференција на тема "Синдикатите и јавната политика - минатото и иднината за подобра социјална Европа" која се одржа во Љубљана, Р.Словенија во периодот од 25-28.04.2019 година, во организација на ОЗА од Австрија со поддршка на ЕУ и ЕЗА од Германија. Претставниците на Достоинствен Работник имаа неколку средби со значајни личности во синдикалното движење како и во граѓанскиот сектор.
Прилеп, 30 април 2019 година |
Одржана работна средба со еваулаторката Тања Георгиевска
На ден 04.04.2019 во просториите на здружение Достоинствен Работник се одржа заедничка работна средба со тимот и партнерот на проектот заедно со еваулаторката Тања Георгиевска со цел постигнувањето на целите и резултатите во текот на реализацијата на проектот "Превентивна култура за БЗР кај земјоделците во Прилеп и Пелагонискиот регион" поддржан од Европската Комисија преку грантова шема на Македонско здружение за заштита при работа.
Прилеп, 05 април 2019 година
Прилеп, 05 април 2019 година
Одржана работилница за теренски истражувачи
Во просториите на здружение Достоинствен Работник се одржа едукативна работилница за теренски истражувачи во општина Прилеп, дел од проектот "Не биди роб - информирај се за своите работнички права!" со поддршка од ЕУ преку грантова шема на здружение Отворена Порта. Целта на работилницата беше утврдување на работата на истражувачите и претставување на програмата и оперативните планови за работа на мобилните тимови.
Прилеп, 27 март 2019 година |
Јавен повик за ангажирање на три експертски позиции-завршен!
Здружението за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник за потребите од спроведување на проектот ”Унапредување на внатрешните структури и процедури на управување на здружение Достоинствен Работник” финансиран од Европската Унија преку грантова шема на Македонско здружение за заштита при работа во рамки на проектот Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како поддршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ – EuropeAid/155322/DD/ACT/MK, објавува Јавен повик за 3 (три) експертски позиции за изработка на Правилници и процедури за финансиско работење и сметководство и за следење и оценка на резултатите и за административни упатства на здружението Достоинствен Работник.
Рокот за пријавување е до 20 март 2019 година до 16.30 часот. Целиот повик може да се виде тука. Прилеп, 06 март 2019 година |
МППС: БАРАМЕ ИТНО СТАВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД НА СОБРАНИЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ДОПОЛНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА
Ние, членките на Македонската платформа против сиромаштија и нашите пријателски организации, изразуваме згриженост за одлагањето на донесувањето на Законот за социјална заштита и дополнувањето на Законот за заштита на деца и бараме нивно итно ставање на дневен ред на Собранието. Со оглед на алармантната ситуација со сиромаштијата во земјата, неопходно е веднаш да се отпочне со новите решенија со кои се прави обид за суштинска реформа на системот на социјалната заштита и начинот на кој ќе се овозможуваат услугите од социјална заштита...
Затоа, денеска, на Светскиот ден на социјалната правда, бараме и очекуваме, народните избраници да ги издигнат на приоритетно место, и да се заложат за исполнување на потребите на граѓаните од областа на социјалната заштита. Целото соопштение на МППС може да го најдете овде. Прилеп, 20 февруари 2019 |
Завршен: Повик за учество на теренски истражувачи! Рокот е продолжен до 01.03.2019!
Здружение Достоинствен Работник во текот на месец февруари 2019 година го објавува Повикот за учество на теренски истражувачи дел од проектот “Не биди роб – информирај се за своите работнички права!“ кој се реализира во општина Прилеп со поддршка од Европската Унија преку грантова шема на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта во рамките на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: „Препознај, почитувај и остварувај права“. Основната цел на проектот е да се воспостави механизам за информации и превенција од трудова експлоатација меѓу работниците. За успешно реализирање на проектот потребно е да се изврши теренско истражување со цел утврдување на постоење на трудова експлоатација спрема работниците од страна на работодавачите. Рокот за поднесување на пријавата е до 01.03.2019 година. -Повик за учество на теренски истражувачи -Пријава за учество на теренски истражувачи Прилеп, 15 февруари 2019 |
Активни структури и процедури за добро управување и нивна примена
Здружение Достоинствен Работник во рок од осум месеци во 2019 година ќе го реализира проектот „Унапредување на внатрешните структури и процедури на управување на здружението“. Проектот е финансиски поддржан од програмата “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” од страна на Комисијата на ЕУ преку грантова шема на Македонско здружение за заштита при работа. Специфичната цел на проектот е подинамично граѓанско општество преку мрежно поврзување, застапување, долгорочно стратегиско организациско планирање и поттикнување на нивото на вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки во врска со безбедни и здрави услови за работа.
Прилеп, 27 декември 2018 |
Здружение Достоинствен Работник во заштита на работниците од трудова експлоатација
Здружение Достоинствен Работник во текот на 2019 година ќе го реализира проектот: „Не биди роб - информирај се за своите работнички права!“. Проектот е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: „Препознај, почитувај и остварувај права" финансиран од Европска Унија, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта. Основната цел на иницијативата е да се воспостави механизам за информации и превенција од трудова експлоатација меѓу работниците во локалната заедница.
Прилеп, 24 декември 2018 |
Здружение Достоинствен Работник на Меѓународна конференција за безбедност и здравје при работа во Косово
Во организација на Косовското здружение за заштита при работа KOSHA во периодот од 1 до 3 ноември 2018 година во хотел Емералд, Приштина се одржа 4-тата Меѓународна конференција за регионална соработка за безбедност и здравје при работа. Целта на конференцијата беше да ги утврди насоките и фокусите на идните истражувања и развојот на безбедноста и здравјето при размена на теоретски и практични искуства. Како здружение, констатираме дека Законот за безбедност и здравје при работа што се применува во Македонија е усогласен со Европската Унија, но надлежните институции посочуваат дека превенцијата и подигањето на свеста кај сите засегнати страни се клучни за да се спасат животите на работниците. Исто така, потребна е трипартитна соработка на државата, работодавачите и работниците за подигнување на свеста за превенција и безбедни и здрави работни места. Според извештајот на Македонското здружение за заштита при работа се потенцира дека за 2017 година, 70 проценти од несреќите од градовите во државата се случиле на самото работно место.
Здружение Достоинствен Работник зеде активно учество на конференцијата каде свој претставник пред присутните го презентира проектот „Превентивна култура за БЗР кај земјоделците во Прилеп и Пелагонискиот регион“ кој е во соработка со ДИД Медиа (ИнфоКомпас), а со финансиска поддршка од Европската Унија преку грантова шема на МЗЗПР, дел од мрежата на граѓански организации BALcanOSH. Целта на проектот е подобрување на стандардите за безбедност и здравје при работа и подигање на свеста на земјоделците во Пелагонискиот регион. Исто така, од страна на нашата претставничка Магдалена Прангоска Петреска беа промовирани и видео сториите од нашиот медиумски соработник пред присутните каде имаа позитивни критики со цел заштитата на децата од детскиот труд во земјоделскиот сектор и користењето на земјоделската механизација. Заклучокот од конференцијата е да се постигне што помал број на несреќи на работното место, а преку тоа да се делува превентивно во подигнување на свеста кај сите засегнати страни, затоа што невниманието на работникот и неодговорниот однос на работодовачот се најчести причини за несреќите при работа. Досега, вакви конференции се одржале во Охрид, Македонија во 2015 година, Блед во Словенија во 2016 година и во Будва во Црна Гора во 2017 година. Прилеп, 05 ноември 2018 |
Дел од секторите без синдикат, а таму каде што ги има не функционира!
|
|
Здружение Достоинствен Работник учесник на втората #Текстилијада во Штип
Здружение Достоинствен Работник во рамките на втората Текстилијада која се одржа во деновите 19 и 20 октомври 2018 година во Штип под мотото „Културата и младите за промени - преку културата и уметноста до социјален дијалог“ зеде активно учество со свој претставник на отворената дебата на тема: „Миграцијата на младите од регионот“. На дебата Рубинчо Аризанкоски даде осврт на работата на синдикатите во Македонија, улогата на локалните економско-социјални совети, младите и пазарот на труд и сл. Покрај, Аризанкоски беа и други панелисти и тоа Кристина Ампева (Гласен Текстилец), проф.д-р Бранимир Јовановиќ (економски истражувач), Емил Крстаноски (МОТ - Македонија), Стефан Алексиќ (Центар Октомбар Машина) од Р.Србија и претставник од ССМ, додека модератор на настанот беше Весна Коловска (новинар). Текстилијадата е дел од главните активности на Здружението Гласен Текстилец од Штип, а истата е поддржана од страна на Општина Штип, ОЛОФ Палме од Шведска и УСАИД.
Прилеп, 22 октомври 2018 година |
Македонија без сиромаштија!
По повод Меѓународниот ден за искористување на сиромаштија – 17ти Октомври, Македонска платформа против сиромаштија и здружение Достоинствен Работник испраќаат порака дека само со создавање и негување на вистинското партнерство со луѓето кои живеат во сиромаштија ќе биде можно да се изгради еден сеопфатен свет каде што сите луѓе ќе можат да ги уживаат своите човекови права во целост и да ги живеат своите животи достоинствено.
Прилеп, 17 октомври 2018 година |
Достоинствен Работник го обележа Меѓународниот ден за достоинствена работа
|
По повод Меѓународниот ден за достоинствена работа - 7ми Октомври, здружение Достоинствен Работник го обележа меѓународниот ден со акцент на унапредувањето и заштитата на домашните работници. Домашните работници не се доволно заштитетни според Законот за безбедност и здравје при работа и нивната работа не е доволно прецизирана во Законот за работни односи. Околу 20.000 домашни работници не се евидентирани во системот, а сето тоа влегува во делот на сивата економија. Најголем број од работниците кои што извршуваат домашна работа се бибиситери, земјоделски работници, негуватели на стари лица и слично. Здружение Достоинствен Работник бара применување на европската регулатива, каде истите ќе бидат регистрирани и на работниците ќе им се подмирува пензинско и здравствено осигурување. На одржаната прес конференција за медиумите говореше Рубинчо Аризанкоски, секретар на здружението Достоинствен Работник.
Прилеп, 08 октомври 2018 година |
Достоинствен Работник на Меѓународна конференција во Бугарија
Во периодот од 24 - 26 септември 2018 година во Софија, Бугарија се одржа Меѓународна конференција за млади на тема: „Млади работници кои бараат одржливи решенија“, дел од Младинската платформа на ЕЗА. Конференцијата ја отвори Претседателот на Конфедерацијата на труд „Подкрепа“ г-дин Димитар Манолов, кој пред присутните истакна дека младите од Европа мора меѓусебно да соработуваат и да разменуваат искуства со кои полесно се наоѓаат решенија за нивно вклучување во синдикати и граѓански организации. Во текот на конференција со збор се вклучи и г-ѓа Sigrid Schraml, генерален секретар во ЕЗА, Германија која истакна дека е многу важно младите да бидат вклучени во органите на одлучување во синдикатите и професионалните здруженија кои се занимаваат со работнички права и заштита на младите работници. Здружение Достоинствен Работник зеде активно учество со присуство на двајца претставници. Конференцијата е поддржана од страна на ЕЗА од Германија и Европската Комисија.
Прилеп, 27 септември 2018 |
|
Спроведена обука за истражување со застапување
Во рамките на проектот: „Подобрување на работниците услови на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип“ во Прилеп се одржа дводневна обука на тема: „Истражување со застапување“. Целта беше да здруженијата Достоинствен Работник и Гласен Текстилец се запознаат со основните концепти на статистички алатки и основи на застапување со можноста на користење на инфографици. Обучувач беше Иван В`чков, економски аналитичар од организацијата FinanceThink. Обуката се одржа во деновите 17-18.09.2018 година, која е дел од проектните активности поддржани од Фондација Отворено Општество - Македонија.
Прилеп, 19 септември 2018 |
Работна посета од претставници на регионалниот проект #BalcanOSH
На ден среда, 15 август 2018 година, во просториите на Здружение Достоинствен Работник се одржа работен состанок со претставниците на регионалниот проект #BalcanOSH со поддршка од Европската Унија. На состанокот стана збор за реализацијата на проектот "Превентивна култура за БЗР кај земјоделците во Прилеп и Пелагонискиот регион" кој е во партнерство со веб медиумот ИнфоКомпас. Посебна цел на регионалниот проект е повеќе динамично граѓанско општество преку вмрежување, застапување, долгорочно стратешко организациско планирање и поттикнување на нивото на вклученост и учество на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки во врска со безбедни и здрави услови за работа.
Прилеп, 16 август 2018 |
Промовиран проектот за домашни работници во Штип
Здружение Достоинствен Работник во партнерство со здружение Гласен Текстилен во просториите на КУЦ Текстил го промовираа проектот „Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип“ со цел проактивна анализа, едукација, солидарност и заштита на домашните работници во локалните средини. Проектот е финаниски поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија. Упатуваме благодарност до медиумите (ТВ Сител, ТВ24, ТВ Ирис и ТВ Стар) кои несебично дадоа внимание во јавноста.
Прилеп, 18 јули 2018 |
|
Достоинствен Работник и Гласен Текстилец ќе им помагаат на домашните работници да бидат дел од инстутуционалниот систем на државата
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник во партнерство со Здружение на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници Гласен Текстилец од Штип од месец јуни 2018 година ќе го реализираат проектот „Проект 189 – Подобрување на работните услови на домашните работници во локалните заедници во Прилеп и Штип“. Проектот е финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија. Домашната работа во Република Македонија е сектор со висок удел на работниците од ранливите категории, при што голем број од нив се неформално вработени. Организирањето на домашните работници и нивните работодавачи, и социјалниот дијалог, вклучувајќи го колективното договарање се клучни средства за подобрување на работните услови во секторот кој се покажува како непоправливо проблематичен за регулирање. Во земјите во развој тие заземаат од 4 до 12 проценти од платеното вработување. Околу 83 проценти од овие работници се жени или девојки. Целта на проектот е обезбедување на проактивна анализа, едукација, солидарност и заштита на домашните работници во локалните заедници Прилеп и Штип. Активностите ќе бидат насочени кон застапување за промени преку граѓански и креативен активизам, истражување, обуки и работилници, кампањи на новите медиуми и промовирање на Конвенцијата за пристојна работа на домашните работници бр.189/2011 од Меѓународната организација на трудот. Резултати од проектот е да се елеминираат административните ограничувања за остварување на правото на домашните работници и нивно вклучување во системот и Јакнење на капацитетите на ГО, синдикатите и работодавачите за ефективно промовирање на интересите на домашните работниците. Проектот ќе се реализира до крајот на месец декември 2018 година.
|
Достоинствен Работник ќе ги едуцира земјоделците од Пелагонискиот регион за безбедност и здравје при работа
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник во партнерство со ДИД Медиа ДООЕЛ Прилеп од месец јуни 2018 година ќе го реализираат проектот „Превентивна култура за безбедност и здравје кај земјоделците во општина Прилеп и Пелагонискиот регион“ со финансиска поддршка од Европската Комисија преку грантова шема на Македонско здружение за заштита при работа. Целта на проектот е подобрување на стандардите за безбедност и здравје при работа и подигање на свеста на земјоделците од Пелагонискиот регион. Проектните активности се предвидуваат преку реализирање на три видео стории, креирање на документ за јавна политика од областа на БЗР во земјоделскиот сектор, обуки и дистрибуција на промотивен материјал. Резултати од проектот е да се воспостави поактивна соработка и комуникација помеѓу МЗШВ, трудов инспекторат, и други чинители во унапредување на безбедноста на работниците во земјоделскиот сектор и зајакнати капацитети на работниците за БЗР на работно место во Пелагонискиот регион. Проектот е суб-грантиран од регионалниот проект „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните организации за подобрување на условите за работа и дијалог со јавните институции“ имплементиран од Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), а финансиски поддржан од Европската Комисија. Посебна цел на проектот е повеќе динамично граѓанско општество преку вмрежување, застапување, долгорочно стратешко организациско планирање и поттикнување на нивото на вклученост и учество на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки во врска со безбедни и здрави услови за работа. Проектот кој ќе се спроведува од страна на Здружение Достоинствен Работник и ДИД Медиа ДООЕЛ ќе биде реализиран до 31 декември 2018 година.
Прилеп, 13 јуни 2018 |
Достоинствен работник е дел од Мрежата за медиумска писменост во Македонија
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник на ден 05 јуни 2018 година стана дел од Мрежата за медиумска писменост во Република Македонија. Мрежата е дел од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
За повеќе информации за мрежата може да најдете овде. Прилеп, 07 јуни 2018 |
Три во едно - очекувања наспроти реалност
Здружение Достоинствен Работник од месец јуни 2018 година ќе го реализира проектот „Младите, образованието и вработувањето – очекувања наспроти реалност“ финансиски поддржан од Општина Прилеп – Локална самоуправа за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп по објавен повик за финансирање на здруженија и фондации за 2018 година. Со реализација на проектот ќе се зголеми соработката и размената на информации на здружението и општината за вклучување на младинското вработување на пазарот на труд во локалната заедница. Целта на проектот е да се придонесе кон создавање на пристојни работни места и подобрено вклучување на младите лица во пазарот на труд во локалната заедница. Проектот предвидува да се организираат локални средби со млади за програмата за самовработување, обука за претприемништво и иновации со млади од средните образовни институции и посета на успешно социјално претпријатие за идентификување на реални предизвици, предности и можности за развој. Проектот ќе се реализира од 01 јуни – 31 декември 2018 година.
Прилеп, 29 мај 2018 |
Дадената институционална поддршка од ФООМ на Достоинствен Работник е од големо значење за унапредување на правата на работниците во локалната заедница
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работни во текот на 2017 година го започна проектот „Институционална поддршка – унапредување на механизмот за заштита на правата на работниците во локалната заедница“ кој даде значително влијание и поддршка на здружението на регионално ниво финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество-Македонија. Во реализацијата на проектот се подготвија значителни документи и тоа Стратегиски план 2018-2020 и Комуникациска стратегија, како и други значајни документи и правилници за тековно работење на здружението. Како здружение истакнуваме дека активностите имаа реализација од 70 проценти кои беа директно насочени кон работниците во локалната заедница во давање на едукација и информации, и покрај имплементацијата на активностите и нивно промовирање во локалната заедница, во канцеларијата на здружението побарале помош 20 лица/работници од текстилната индустрија и земјоделскиот сектор во заштита од дискриминација, прекршувања на одредени членови од Законот за работни односи и безбедност при работа. Реализацијата на проектот „Институционална поддршка“ даде нова димензија на улогата на здружението во локалната заедница, а преку активностите се информираа и се едуцираа над 100 лица од различна возраст, пол и националност, индивидуални земјоделци, работници од текстилната индустрија и земјоделскиот сектор, претставници на институции и граѓански организации, и медиуми за унапредување на механизмот за заштита на правата на работниците во локалната заедница. Во текот на 2018 година здружение Достоинствен Работник потпиша три Меморандуми за соработка со граѓански организации (Рома С.О.С, Гласен Текстилец и Либертаст ет Респонсабилитас) од локалните заедници Прилеп и Штип. Меморандомот обврзува дека организациите заедно ќе делуваат во унапредувањето на работничките права и подобрување на јавните услугите наменети за граѓаните од страна на јавните институции на локално ниво. Улогата на организациите е важна поради нивно присуство во средината на делување и блискиот контакт со целните групи. Здружение Достоинствен Работник во текот на реализирањето на проектот воспостави соработка со Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во областа на безбедност и здравје при работа. За нас како здружение, оваа соработка е од големо значење за воспоставување и промовирање на стандардите за безбедност при работа, и заштита на работниците. Истакнуваме голема благодарност до Фондација Отворено Општество – Македонија за дадената поддршка на здружението со цел унапредување на работничките права во секторите земјоделство и текстилна индустрија во локалната заедница како и зајакнување на капацитетот на членовите во здружението.
|
Соопштение за јавност: СПРОВЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ИЗБОРИ ДО УНАПРЕДУВАЊЕ НА
РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА
По повод 1ви Мај – Меѓународниот ден на трудот, Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник – Прилеп во своето тригодишно работење со поддршка од работниците увиде низа на неправилности и прекршувања на Законот за работни односи, необезбедени здрави работни места, зголемување на сиромаштијата, зголемена сива економија, дискриминација и мобинг, непочитување на Законот за минимална плата, недоволно функционален социјален дијалог на национално и локално ниво...
Соопштението за јавност во целост може да го најдете овде.
Прилеп, 01 мај 2018
Соопштението за јавност во целост може да го најдете овде.
Прилеп, 01 мај 2018
Одржана работилница за Безбедност и здравје при работа со земјоделска механизација во Пелагонискиот регион
|
На ден 24 април 2018 година во организација на Здружение Достоинствен Работник се реализира едукативната работилница на тема: „Безбедност и здравје при работа со земјоделска механизација и хемиски средства во земјоделскиот сектор“. На работилницата се посвети посебно внимание во поглед на обезбедување на услови, со цел правилна регулација, правилна контрола и управување со земјоделските машини, избегнувањето и сведувањето на минимум на сите оние показатели и фактори кои што може да придонесат за избегнување на некоја несреќа, која што може да биде со повреди, но и со смртни последици. Благодарност до проф.д-р Иле Цанев од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и до учесниците кои беа дел од работилницата. Работилницата е дел од проектот Институционална поддршка – Унапредување на механизмот за заштита на правата на работниците во локалната заедница со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество – Македонија.
Прилеп, 25 април 2018 |
Дали ги знаеме работничките права?!
На ден 23 април 2018 година во организација на здружение Достоинствен Работник се одржа работилница на тема „Правно запознавање со одредбите од Законот за работни односи – безбедност и здравје на работно место“. Преку запознавање на претставниците на институциите и граѓанските организации, работниците и претставниците на синдикатите со законските прописи, а особено оние кои се однесуваат на заштитните механизми во случаи на повреди и прекршувања, се прави токму еден чекор напред кон правно зајакнување на овие категории во услови на подигната свест за работнички права и желба за нивно унапредување. Од искуството се покажа дека дел од работниците не ни знаат дека се членови на синдикат, а уште помалку дека синдикатот треба да се бори или се бори за нивните права. Често пати дознаваат за синдикатот во случаите кога синдикатот веќе преговарал и договарал нешто во име на работниците, од кој исход останале незадоволни. Едукаторка на работилницата беше Марге Сотироска, адвокат.
Заклочокот од работилницата е дека работниците имаат мали познавања за нивните права и начините на нивна заштита и дека има силна потреба од нивно описменување и зајакнување за самозастапување. Работилницата е дел од проектот Институционална поддршка – Унапредување на механизмот за заштита на правата на работниците во локалната заедница со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество – Македонија. Прилеп, 24 април 2018 |
|
Активни млади - активна заедница!
На ден 20 април 2018 година во просториите на Здружение Достоинствен Работник се одржа едукативна работилница на тема: "Младите и пазарот на труд во локалната заедница". Целта на работилницата беше да присутните се запознаат со законските регулативи за заштита при работа, дискриминација, флексигурност, пристојна работа, и сл. Заклучокот од работилницата е дека младите треба поактивно да се активираат во локалната заедница при процесот на донесување на одлуки за нивно вклучување во пазарот на труд. Едукативната работилница е дел од проектот Институционална поддршка – Унапредување на механизмот за заштита на правата на работниците во локалната заедница. Благодарност до сите учесници кои дадоа значајно внимание на реализацијата на работилницата. Едукаторка на работилницата беше Магдалена Прангоска Петреска, постара асистентка во здружението. Проектната активност е поддржана од Фондација 0творено Општество - Македонија.
Прилеп, 21 април 2018 |
Одржана работилница за правно описменување во Прилеп
На ден 29 март 2018 година во просториите на здружение Достоинствен Работник се одржа едукативна работилница за правно описменување на работниците во текстилната индустрија и земјоделскиот сектор. Целта на работилницата беше да учесниците бидат запознаени со Законот за работните односи, Законот за минимална плата, Законот за безбедност и здравје при работа, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, Колективен договор на ниво на гранка (за текстилна, кожарска и чевларска индустрија) и поединечен колективен договор. Она што недостасува е правно зајакнување на нивниот капацитет за самозастапување, но и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и институциите кои работат на овие прашања, како би се подобрил генерално статусот на работниците во текстилната и земјоделската индустрија. Заклучокот од работилницата е дека трошоците за водење на судска постапка која вклучува ангажирање адвокат, плаќање судски такси и трошоци за вештачења, се големи и често пати преголем товар за и онака малиот буџет на работниците особено од текстилната индустрија. Едукативната работилница е дел од проектот Институционална поддршка – Унапредување на механизмот за заштита на правата на работниците во локалната заедница. Благодарност до сите учесници кои дадоа значајно внимание на реализацијата на работилницата. Едукаторка на работилницата беше Јована Јовановска Кануркова, правна советничка во Хелшинскиот комитет на Република Македонија. Проектната активност е поддржана од Фондација Отворено Општество Македонија.
Прилеп, 30 март 2018 |
Потпишан меморандум за соработка со Гласен Текстилец
На ден четврток, 29 март 2018 во просториите на Здружение Достоинствен Работник се потпиша Меморандум за соработка со Здружение Гласен Текстилец од Штип. Меморандумот има за цел да ја зајакне соработката помеѓу двете граѓански организации за поддршка и помош на работниците преку едукација, унапредување и промовирање на правата на работниците во општеството. Меморандумот го потпишаа претседателите на двете здруженија Кристина Ампева и Гоце Блажески. Честитки!
Прилеп, 30 март 2018 |
Поддршка на Маршот за правата на жената
Здружение Достоинствен Работник како членка на Македонската платформа против сиромаштија дава поддршка на Маршот за правата на жената кој се реализира од страна на Платформата за родова еднаквост на ден 8 март 2018 во Жена Парк во Скопје со почеток од 12 часот. Како здружение сакаме да потенцираме дека сиромаштијата е во контекст на родовиот аспект и да проговориме за социо-економските фактори кои ја поддржуваат родовата нерамноправност. Мотото на МППС е #СиромаштијатаеСексистичка. Солидарноста кон сите жени треба да не потсети дека само со родова еднаквост може да имаме демократско и еднакво општество. Платформата за родова еднаквост и оваа година повторно прашува #далиесреќен8март и потсетува дека сега е време, #сегакажувам дека жените имаат моќ да креираат општествена промена и да се изборат за #женскиправа.
Прилеп, 07 март 2018 |
Одржана работилница за безбедност и здравје при работа
|
На 20 февруари 2018 година, во х. Кристал Палас во Прилеп, се одржа еднодневна работилница на тема: „Безбедност и здравје при работа - основни поими, дефиниции и ризик за заштита“, во организација на Здружението Достоинствен Работник. Работилницата имаше за цел да ги информира присутните за безбедност при работа во текстилната индустрија и земјоделството. На работилницата се зборуваше за проценка на ризик по работни места, улогата на стручните лица за БЗР и целосна употреба на техничка опрема за работа во согласнот со Правилниците за БЗР. Како главни заклучоци од работилницата беа следните дека јавните здравствени установи немаат спроведено мерки согласно законот за безбедност при работа, освен систематски прегледи и обуки за вработените, јавните образовни установи немаат спроведено мерки согласно законот за безбедност при работа, освен здравствени прегледи и обуки за вработените и граѓанските организации немаат спроведено мерки согласно законот за безбедност и здравје при работа. Од значителна важност беше присуството на претставниците од општината, средните училишта, градската болница, граѓанските организации и синдикатите кои не само што имаа можност практично да го споделат своето искуство во секојдневното работење поврзано со овие теми, туку истовремено имаа можност да го надоградат своето знаење, да добијат дополнителни информации и насоки кои што може да го применат во својата работа. Како стручно лице за БЗР беше ангажирана Кристина Грижоска од Македонско здружение за заштита при работа. Активноста е дел од проектот Институционална поддршка од Фондација Отворено Општество Македонија.
Прилеп, 22 февруари 2018 |
Водич за политики за минимална плата
Водичот за политики за минимална плата ја одразува разновидноста на меѓународните практики и различни избори што може да се направат во зависност од националните приоритети и околности во земјата. Водичот не се обидува да промовира еден единствен модел за сите земји. Сепак, ги нагласува клучните принципи на добрата практика и дава примери за добрите и за лошите страни на различни опции за политики. Кога станува збор за утврдувањето минимална плата, само социјалниот дијалог и колективното договарање можат да помогнат да се воспостави рамнотежа меѓу легитимните потреби и на работниците и на претпријатијата.
Минималната плата постои во повеќе од 90% од земјите-членки на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Целта на минималната плата е да се заштитат работниците од прекумерно ниска плата. Таа помага да се обезбеди праведна и рамноправна распределба на плодовите на напредокот за сите и минимална плата за живот на сите вработени што имаат потреба од таква заштита. Минималната плата, исто така, може да биде еден елемент на политиките за сузбивање на сиромаштијата и намалување на нееднаквоста, вклучувајќи ја онаа меѓу мажите и жените. Водичот може да го најдете тука. Прилеп, 12 февруари 2018 |
Потпишан Меморандум за соработка
Во просториите на Здружение Достоинствен Работник се потпиша Меморандум за соработка со Здружение за општествен, еколошки и агрокултурен развој Либертас ет Респонсабилитас од Прилеп. Целтта на Меморандумот е преку взаемна соработка, разбирање и помош помеѓу граѓанските организации да се овозможи навремена и ефикасна подготовка за успешна имплементација на Програмите за работа со целосно почитување на начелото на владеење на правото и заштита на човековите права и слободи, согласно меѓународните документи и Конвенции на ОН, Советот на Европа, Меѓународната организација на трудот и Европската Унија. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателите на двете граѓански организации г-дин Гоце Блажески и г-дин Костадин Хаџи Кочоски. Честитки!
Прилеп, 12 февруари 2018 |
Одржана работилница за психолошко вознемирување
На 31 јануари 2018 година, во х. Кристал Палас во Прилеп, се одржа еднодневна работилница на тема: „Работно место (не)сигурна средина“, во организација на Здружението Достоинствен Работник. Работилницата е од исклучителна важност после ратификувањето на Истанбилската конвенција во декември минатата година целото општество, вклучувајчи ги тука и институциите и граѓаните треба да се подготват за нејзина имплементација. Имајќи предвид дека нашето општество е прилично конзервативно и патријархално, отвореното зборување и актулезирање на овие теми оди само во прилог на тој процес. Сесиите беа наменски, прилагодени на потребите на целната група и интеркативни, при што сите учесници имаа можност да постават прашање или да дадат коментар во однос на темите кои што се обработуваа. Истовремено, сите учесници беа активно поттикнувани од обучувачката да го споделат своето мислење или искуство поврзано со темите со целата група, што овозможуваше развивање на плодна дискусија. Целтта на оваа работилница беше да го поттикне личниот и професионалниот развој на учесниците преку стекнување на нови знаења и информации поврзани со обработуваните теми, како и да создаде сигурен простор за развивање на остворена дискусија за сите нејасни прашања. На крајот на работилницата, учесниците ги зајакнаа своите знаења, добија насоки и информации каде може дополнително да се информираат за обработуваните теми и истовремено беа поттикнати да разговаат за истите во рамките на своите колективи и заедници. Од значителна важност за оваа работилницата беше присуството на претставници на институциите (МВР, ЦСР, здравствени домови и советници) кои не само што имаа можност практично да го споделат своето искуство во секојдневното работење поврзано со овие теми, туку истовремено имаа можност да го надоградат своето знаење, да добијат дополнителни информации и насоки кои што може да го применат во својата работа.
Како експертка беше ангажирана д-р Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ. Активноста е дел од проектот Институционална поддршка од Фондација Отворено Општество Македонија. Прилеп, 02 февруари 2018 |
|
Здружение Достоинствен Работник зеде учество во обуките на ФООМ
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник како институционален грантист во рамките на концептот Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата зеде активно учество во планираните обуки од страна на Фондација Отворено Општество - Македонија (ФООМ). Членовите на здружението ќе имаат можност да бидат дел од обуките и тоа „Од планирање до известување за финансиското работење во граѓанските органзиации“ која ќе се одржи во периодот од 17 до 19 ноември 2017 година, во хотел Тино во Охрид; „Oрганизациски менаџмент за граѓански организации“ која ќе се одржи во период од 23 до 26 ноември 2017 година, во хотел Романтик во Велес и „Обезбедување поддршка од заедницата“ која ќе се одржи во период од 20 до 21 декември 2017 година, во хотел Романтик во Велес. Обуките се наменети за институционално јакнење на здружението и да ја зголемат свесноста за своето стратешко позиционирање во однос на засегнатите страни и да ги подобрат своите знаења за обезбедување и зголемување на поддршката од заедницата.
Прилеп, 10 ноември 2017 |
Остварена работна средба со Европскиот центар за работнички прашања
На ден 27 октомври 2017 година во Струга, Здружение Достоинствен Работник оствари официјален работен состанок со претставничката на Европскиот центар за работнички прашања од Германија. На состанокот се дискутираше за активностите и проектите на здружението, состојбата во синдикатите во Македонија, положбата на младите во општеството и други теми за унапредување на правата на работниците и нивна безбедност при работа во земјата. На состанокот присутни беа г-ѓа Sigrid Schraml Генерална секретарка на European Centre for Workers' Questions (EZA), г-дин Гоце Блажески, Претседател и г-дин Рубинчо Аризанкоски, Секретар на здружението Достоинствен Работник од Прилеп. Благодарност до Благовеста Кукунеш за преводот во текот на работниот состанок.
Прилеп, 30 октомври 2017 |
|
Соопштение за јавност:
ШТО ЗНАЧИ ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА ЗА ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ?
Да се зборува за достоинствена работа во Македонија е многу проблематична задача. Високата стапка на невработеност во Македонија е најголема на европскиот континент, кои ги има срушено најелементарните стандарди на трудот, на чесната работа, на трудовото право и пазарот на трудот.
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник по повод Меѓународниот ден за достоинствена работа – 7ми Октомври достоинствено го одбележа овој значаен ден кое стави акцент на текстилните работници во општина Прилеп. Целосното соопштение може да го најдете тука. Прилеп, 09 октомври 2017 |
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на одмор за работници со ниски приходи
Краен рок: 20 ноември 2017
Здружение Достоинствен Работник ги повикува работниците со ниски примања да се пријават на Јавниот повик од Министерството за економија преку Програмата за поддршка на домашниот туризам. Досега над 650 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка, а според средствата што се обезбедени за оваа намена, во износ од 60 милиони денари, се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства, во вредност од по 15 илјади денари, во еден од 60-те категоризирани угостителски објекти за сместување во Република Македонија кои се пријавија во Министерството за економија. Право на учество на овој повик имаат вработените со ниски месечни примања кои не ги надминуваат нето приходите од 22 илјади денари. Подетални информации за оваа мерка може да се најде на веб страната на Министерството за економија како и во просториите на здружението.
Прилог: Јавен повик |
Алармантно: Едно од десет деца е жртва на принудна работа!
Речиси едно од десет деца во светот, односно над 150 милиони се жртви на принудна работа, а напредокот во однос на тоа прашање е многу мал, соопшти денеска Меѓународната организација на трудот (МОТ).
„Околу половина од нив работат небезбедни работи, над една третина не посетуваат училишта, две третини од децата работат на семејните фарми или во семејни претпријатија, додека речиси 71 процент од нив извршуваат земјоделски работи“, се наведува во извештајот на МОТ. Според проценките на организацијата, од 152 милиони деца кои работат принудно, 54 милиони се девојчиња, а 88 милиони се момчиња. Девет од десет деца кои работат принудно живеат во Африка, во Азија и во Океанија. Иако бројот на деца, кои работат принудно се намали за 94 милиони во однос на 2000 година, сепак тој пад е успорен од 2012 до 2016 година. Еден од целите на ОН е до 2030 година да се стави крај на принудната работа за децата. МОТ/ILO, 10 септември 2017 |
Одржана работилница за заштита од мобинг на работно место
На 31 август 2017 година, во х. Кристал Палас во Прилеп, се одржа еднодневна обука на тема: „Мобинг на работно место – превенција, проблеми и потреби“, во организација на Здружението Достоинствен Работник. Целта на обуката беше запознавање со појавата мобинг и психолошко насилство на работното место и сексуално вознемирување на работното место согласно законските прописи и последиците од мобинг врз менталното здравје на вработените. Лесно воочување на неетичко однесување и разлики со вознемирување на работното место. Постоеше голема доверба но и слобода да се дискутираат работи за кои учесниците бараа стручно размислување конкретни препораки како да се постапува во мобинг ситуација. Разгледувани беа алтернативи за она што може да го направи поединецот и она што може да се направи во рамките на една организирана работна институција. Секоја тематска сесија беше проследена со PowerPoint презентација. На покана на организаторот, присуствуваа претставници од различни организации: институции на локално ниво, синдикатите и граѓанските организации. Ваквиот мешан состав се покажа како доста конструктивен, особено во делот каде се споделуваа искуства од нивната секојдневна работа. Како експертка беше ангажирана Лидија Кекеновска Павиќ. Активноста е дел од проектот Институционална поддршка 2017 од Фондација Отворено Општество Македонија.
Прилеп, 4 септември 2017 |
СООПШТЕНИЕ: Работодавачите се должни да ги заштитат работниците од пеколно жешките временски услови
Здружение Достоинствен Работник ги потсетува работодавачите на обврската да ги почитуваат препораките за заштита на работниците за време на пеколно жешките временски услови.
Министерството за труд и социјална политика порачува дека во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.
Исто така, препорака е да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.
Прекршувања на препораките од страна на работодавачите може да се пријавуваат и кај дежурниот инспектор при МТСП кој ги координира екипите низ државата на 075402856 или на електронската пошта на здружението [email protected].
Прилеп, 03 август 2017
Министерството за труд и социјална политика порачува дека во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.
Исто така, препорака е да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.
Прекршувања на препораките од страна на работодавачите може да се пријавуваат и кај дежурниот инспектор при МТСП кој ги координира екипите низ државата на 075402856 или на електронската пошта на здружението [email protected].
Прилеп, 03 август 2017
Анализа: Руралната жена без право на имот и на земјиште
На 18 јули 2017 година во Канцеларијата за млади на општина Центар во организација на Федерација на фармери Македонската платформа против сиромаштија ја промовираа “Мултидимензионалната анализа за сиромаштија на Република Македонија“. Извештајот претставува прв обид кој преку статистички податоци се опишува важно прашање во Македонија користејќи официјални извори на податоци. На промоцијата на извештајот беше истакнато дека 77 проценти од руралното населени кои се занимава со земјоделство е во категорија на „неплатен труд“. Ова е повидливо кај руралните жени од кои 63 проценти се водат како неактивни. Немаат доволен пристап на едукација, многу малку од нив се вработени. Исто така, руралната жена е лишена и од правото на имот, каде само 5 проценти се сопственици на имот и на земјиште. Во овие услови руралната жена е дискриминирана. Анализата беше презентирана од авторките проф.д-р Емељ Туна од Факултетот за земјоделски науки и храна и м-р Билјана Петровска-Митревска од ФФРМ, а модераторка на промоцијата беше Билјана Дуковска од МППС. На промоцијата учество зедоа Заменик министерот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници од Амбасадата на Кралството Шведска, граѓански организации и медиуми. Здружението Достоинствен Работник со свој претставник зеде учество во промоцијата на анализата за руралната сиромаштија во Македонија.
Прилеп, 20 јули 2017 |
Здружението се доби со двајца сертифицирани обучувачи
Осуммина претставници на граѓански организации се стекнаа со вештини на обучувачи за време на истоимената обука што се одржа од 3 до 5 јули 2017 година во Скопје. Учесниците имаа можност да слушнат и практикуваат повеќе техники и вештини за фацилитација, комуникациски вештини и учење кај возрасните. Здружение Достоинствен Работник зеде активно учество со свои претставници. Обуката ја организираа Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО. Обучувачи беа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева.
Прилеп, 11 јули 2017 |
Одржана обука за стратешко планирање за членовите на здружението
|
Процесот на стратешко планирање е многу важен за секоја граѓанска организација, а посебно во услови кога станува збор за релативно млади организации кои располгаат со искусен кадар и можности за напредок. Во таквите моменти стратешкото планирање помага да се истакнат сите потреби на крајните корисиници, да се разговара за капацитетите на организацијата, да се земат во предвид настаните во околината кои одат во прилог на работата на здружението, соодветно се дизајнираат целите, резултати и активности кои ќе го трасираат патот на организацијата. Согласно планираните активности на Здружение Достоинствен Работник во наведениот временски период се одржа дводневна обука за стратешка анализа и планирање. Членовите на Здружение Достоинствен Работник ја идентификуваа оваа потреба и со цел да може посистематски да се пристапува кон идните партнерства со други организации, кон потенцијални донатори и институции на локално и нациоанлно ниво. Обуката се одржа во деновите 7 и 8 јули 2017 година. Обучувач беше Елизабета Марковска Спасеноска. Обуката е дел од проектот Институционална поддршка 2017 од страна на Фондација Отворено општество – Македонија.
Прилеп, 11 јули 2017 |
Одржана работилница за родова рамноправност и дискриминација
На 30 јуни 2017 година, во х. Сонце ГА во Прилеп, се одржа еднодневна обука на тема: „Родова рамноправност и дискриминација на работно место“, во организација на Здружението Достоинствен Работник.
Целта на обуката беше запознавање со родовите концепти и концептите на антидискриминацијата во работата и работните односи, од страна на различни субјекти. На обуката се реализираа 4 конкретни тематски сесии (Родова рамноправност – ерминолошки појаснувања, Родовите аспекти на пазарот на трудот, Дискриминација и Механизми за заштита од дискриминација). Секоја тематска сесија беше проследена со PowerPoint презентација. На покана на организаторот, присуствуваа претставници од различни организации: институции на локално ниво, синдикатите и граѓанските организации. Ваквиот мешан состав се покажа како доста конструктивен, особено во делот каде се споделуваа искуства од нивната секојдневна работа. Како експертка беше ангажирана д-р Биљана Страмшак Ѓуровска. Активноста е дел од проектот Институционална поддршка 2017 од Фондација Отворено Општество Македонија. Прилеп, 03 јули 2017 |
|
Соопштение за јавност
Законска заштита за сите деца од лошите облици на детски труд
|
Почитувани,
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник од Прилеп по повод 12 јуни – Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд нагласува дека државата треба да ги заштити децата од работа која е опасна или која може да им наштети на нивното здравје. Децата воедно имаат право на достоинствен живот и бесплатно образование. Здружение Достоинствен Работник потенцира дека Државниот инспекторат за труд мора да биде поактивен на терен со цел согледување на состојбите на децата ангажирани во детски труд во Македонија и нивна заштита во согласност со Законот за работни односи и другите законски регулативи од трудовото и семејното право и детската заштита. Целосното соопштение може да го најдете овде. Прилеп, 12 јуни 2017 година |
Доделена институционална поддршка на Здружение Достоинствен Работник
Во рамките на Конкурсот за доделување на грантови за граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра од страна на Фондација отворено општество (ФООМ) кој беше објавен во февруари 2017 година, Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник се доби со грант Институционална поддршка за 2017/2018 година.
|
Здружение Достоинствен Работник дел од Мрежата за поддршка на млади претприемначи
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник од денес е членка на Мрежата за поддршка на млади претприемачи.
Мрежата за поддршка на млади претприемачи е европска мрежа која е составена од граѓански организации кои работат на поттикнување на младинското претприемништво. Мрежата е координирана од ПСМ Фондација во Македонија. Мрежата ќе работи на градење на капацитетите и вмрежување на граѓанските организации, промоција на активности и иницијативи за зајакнување на младите, со цел зголемување на ефикасноста на членовите на мрежата. Членството на Здружението Достоинствен Работник во мрежата е со цел да се придонесе кон стимулирање на социо-економскиот развој на национално и локално ниво преку поддршка на претприемништвото и трансфер на знаење до младата популација. Прилеп, 01 февруари 2017 |
Достоинствен живот за сите граѓани во Македонија
На ден 27 декември 2016 година во Скопје, Собранието на Македонската Платформа Против Сиромаштија (МППС) со мнозинство гласови донесе Одлука за прием на членство на Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник како полноправна членка во платформата. Македонска платформа против сиромаштија (МППС) е сојуз на здруженија на граѓани и поединци кои се здружени со цел со цел промивирање на социјалната еднаквост и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност. Членството на Здружение Достоинствен Работник во МППС е со цел намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, унапредување и заштита на работничките права во Македонија.
Прилеп, 29 декември 2016 |
|
Барај ме на интернет!
|
Во периодот од 21-23 декември 2016 во Битола се организира работилница на тема: “Интернет присуство на граѓанските организации“ од страна на ТАКСО ресурсниот центар воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО. На работилницата учество зедоа 18 граѓански организации од Македонија. Целтта на работилницата беше да на организациите им овозможи на учесниците да го подобрат користењето на он-лајн медиумите за комуникација со целните групи и јавноста и да ги продлабочат знаењата за нивна ефикасна употреба. Работилницата опфати повеќе теми, и тоа: веб страна и содржини за неа, социјални медиуми како дел од комуникациската стратегија, спроведување кампањи преку социјалните медиуми, и друго. Здружението Достоинствен Работник зеде активно учество на оваа едукативна работилница.
Прилеп, 25 декември 2016 |
Поддршка за слободно организирање на текстилните работници од Штип и регионот
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник даде поддршка на соопштението за јавност од страна на Здружение на граѓани на текстилните и кожарските работници Тивкото Мнозинство - ГЛАСНО и КУЦ Текстил од Штип. Поддршката ја даваме кон изразување за слободно организирање на работниците од текстилната индустрија во источниот дел од Македонија за унапредување на работничките права и нивните интереси. Исто така, здружение Достоинствен Работник го осудува чинот на агресија која се направи врз Гласно и КУЦ Текстил како и на другите граѓанските организации и ги повикува институциите да бидат поактивни на терен за изнаоѓање на сторителите и да ги казни.
Целосното соопштение за јавност од Гласно и КУЦ Текстил може да го прочитате тука. Прилеп, 28 ноември 2016 |
Одржана работилница за трудова експлоатација
|
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник во рамките на проектот “Идентификација и заштита на работниците од трудова експлоатација“ ја организира и реализира едукативната работилница на тема “Вработувањето и трудовата експлоатација врз работниците од текстилната индустрија и земјоделството“ во општина Прилеп. Целтта на работилницата беше да ги запознае присутните и да им се дадат информации, поддршка и заштита на жртвите од трудовата експлоатација преку пристап кој се базира на човековите права и меѓународните конвенции преку институционална рамка за соработка. На едукативната работилница учество зедоа претставници од институциите на локално ниво, синдикатите и граѓанските организации. Работилницата се одржа на ден 24 ноември 2016 година во просториите на х.Кристал Палас. Предавач на работилницата беше Зоран Биковски. Работилницата е поддржана од Фондација Отворено Општество - Македонија.
Прилеп, 25 ноември 2016 |
Интервју за радио Холидеј
По покана на регионалното радио Холидеј за емисијата “Пулсирања“ учество зеде Рубинчо Аризанкоски, секретар и програмски координатор за безбедност и здравје при работа во Здружение Достоинствен Работник каде пред јавноста ги презентира целите и задачите на здружението како и неговите активности. Во интервјуто ќе слушнете за заштитата на работниците, промовирање на проектните активности, но и за соработката со институциите, синдикатите и граѓанските организации.
Прилеп, 15 ноември 2016 |
|
Спроведена работилница за проектен менаџмент
Здружение Достоинствен Работник во рамките на годишната програма за своите членови и членовите на Управниот и Надзорниот одбор организира еднодневна едукативна работилница за пишување и спроведување на иницијативи и проекти. Целтта беше членовите да се запознаат со основните елементи на еден проект, планирање,.. буџетирање, како и нивно вклучување во дадените активности за потребите и интересите на целната група.
Прилеп, 4 ноември 2016 година |
Одржана обука за теренските истражувачи
Здружението за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник во рамките на проектните активности дел од проектот: “Идентификација и заштита на работниците од трудова експлоатација“ ја реализира дводневната обука наменета за теренските истражувачи за идентификација и мапирање на работници од трудова експлоатација и нивна заштита во општина Прилеп и руралните средини. Целтта на обуката беше да ги запознае присутните и да ги даде основните начела на истражувачите за работа на терен преку објаснување на методискиот пристап за реализација на теренската работа и задачите на теренските истражувачи. На обуката учество зеде и претставничка на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи. Проектната активност се одржа во деновите 29 и 30 октомври 2016 со поддршка од Фондација Отворено општество - Македонија.
Прилеп, 1 ноември 2016 |
Во Штип се одржа Фестивалот за современа уметност POP UP AKTO
Два дена во Штип се одржуваше единаесеттото издание на Фестивалот АКТО за современи уметности “POP UP AKTO“. Фестивалот се одвиваше низ неколку штипски локации, како КУЦ Текстил и Радио кафе Канал 77. Фестивалската програма вклучуваше едукативни работилници за деца, изложби, јавни дискусии, театарска претстава, музички настапи од различни групи, итн.
Главен акцент на фестивалот беше ставен на работничките во текстилната индустрија во Штип, со цел промовирање и организирање на текстилните работнички во синдикална организација за подобрување на правата и интересите за подобар достоинствен живот. Оваа година за прв пат учество зеде и Здружение Достоинствен Работник од Прилеп со свои претставници. Фестивалот се одржа во деновите 21-22 октомври 2016 година. Фестивалот беше организиран од страна на Здружение за култура и уметност – Факултет за работи што не се учат во соработка со Здружението Тивкото Мнозинство, со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој УСАИД. Прилеп, 24.10.2016 |
Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата - 17ти Октомври
На ден 17 октомври 2016 година, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, во просторот на Кино Култура, Скопје, Македонската платформа против сиромаштија (МППС) ќе одржи Конференција на тема Инклузија. Конференцијата има за цел да обезбеди вклучување на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост. |
Одржана Конференција за достоинствена работа за жените работнички во земјоделското производство
Здружението за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен работник од Прилеп ја реализира Конференцијата на тема “Достоинствен живот и работа на жената во земјоделскиот сектор“ во рамките на Меѓународниот ден за достоинствена работа – 7ми Октомври. Конференцијата имаше за цел да ја подигне свеста кај жената од руралните средини за поголемо достоинство во работата во земјоделското производство. Женската популација често работи во неформалната економија, со мала или без никаква социјална заштита и висок степен на несигурност.
“Светот денес се соочува со “дефицит“ на достоинствена работа. Под ова се подразбира невработеноста и недоволната ангажираност, слаб квалитет и непродуктивни работни места, несигурна работа и несигурна плата, непочитување на правата и родова дискриминација. Исто така, и многу од работниците – мигранти се подложни на експлоатација, немаат право на глас и немаат адекватна заштита од загуба на примањата во случај на болест, неможност или старост“ – истакнува Гоце Блажески, претседател на здружението. Да се зборува за пристојна работа во Македонија е многу проблематична задача. Високата стапка на невработеност во Македонија, најголема на европскиот континент, ги има срушено најелементарните стандарди на трудот, на чесната работа, на трудовото право и на пазарот на трудот. Доминацијата на газдите, понизноста на работниците, немоќта на државата, која замижува на сите злоупотреби само за да одржи привиден социјален мир – тоа се појави кои се повеќе правило отколку исклучок.
Се потенцираше дека земјоделството е трет по големина индустриски сектор во бруто домашниот производ (БДП). Просечното учество на земјоделството во БДП во Р.Македонија изнесува околу 11% во периодот 2005-2015 година.
“За да имаме достоинствен живот и работа мора да се создадат можности за гарантирање и создавање на работни места и заштита на работничките права во земјоделството со цел за промовирање на дијалог преку начин на инвестирање, претприемништво, развивање на вештини и одржлива егзистенција“ – истакна Љубица Џониќ, координаторка на мрежата на жени фармери при Федерација на фармери на Македонија.
Конференцијата е поддржана од Меѓународната организација на трудот.
Прилеп, 10.10.2016 година
“Светот денес се соочува со “дефицит“ на достоинствена работа. Под ова се подразбира невработеноста и недоволната ангажираност, слаб квалитет и непродуктивни работни места, несигурна работа и несигурна плата, непочитување на правата и родова дискриминација. Исто така, и многу од работниците – мигранти се подложни на експлоатација, немаат право на глас и немаат адекватна заштита од загуба на примањата во случај на болест, неможност или старост“ – истакнува Гоце Блажески, претседател на здружението. Да се зборува за пристојна работа во Македонија е многу проблематична задача. Високата стапка на невработеност во Македонија, најголема на европскиот континент, ги има срушено најелементарните стандарди на трудот, на чесната работа, на трудовото право и на пазарот на трудот. Доминацијата на газдите, понизноста на работниците, немоќта на државата, која замижува на сите злоупотреби само за да одржи привиден социјален мир – тоа се појави кои се повеќе правило отколку исклучок.
Се потенцираше дека земјоделството е трет по големина индустриски сектор во бруто домашниот производ (БДП). Просечното учество на земјоделството во БДП во Р.Македонија изнесува околу 11% во периодот 2005-2015 година.
“За да имаме достоинствен живот и работа мора да се создадат можности за гарантирање и создавање на работни места и заштита на работничките права во земјоделството со цел за промовирање на дијалог преку начин на инвестирање, претприемништво, развивање на вештини и одржлива егзистенција“ – истакна Љубица Џониќ, координаторка на мрежата на жени фармери при Федерација на фармери на Македонија.
Конференцијата е поддржана од Меѓународната организација на трудот.
Прилеп, 10.10.2016 година
Најава за конференција:
Достоинствен живот и работа на жената во земјоделскиот сектор
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник во согласност со годишните активности и задачи по повод Меѓународниот ден за достоинствена работа – 7ми Октомври организира Конференција на тема: “Достоинствен живот и работа на жените во земјоделскиот сектор“, истата е поддржана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ). Целтта на Конференцијата е да се анимираат жените во земјоделскиот сектор за поголемо внимание на достоинствен живот и работа и пристап кон современо земјоделско производство преку соодветна безбедност при работа со земјоделска механизација. Учество на Конференцијата ќе земат претставници од МОТ, Агро-синдикатот на Македонија, Федерација на фармери како и стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје. Конференцијата ќе се одржи на ден петок, 7.10.2016 година во Прилеп.
Прилеп, 5.10.2016 година
Прилеп, 5.10.2016 година
Одржана работна средба со теренските истражувачи
Претставници на Здружението за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник одржаа работна средба со избраните теренски истражувачи дел од проектот: “Идентификација и заштита на работниците од трудова експлоатација“ поддржан од ФООМ. На работната средба се дискутираше за следните активности на проектот, планот за работа и обука на теренските истражувачи која ќе се реализира во месец октомври.
Прилеп, 22.9.2016 година
Прилеп, 22.9.2016 година
ИПА 2 - Механизам за граѓански организации
Здружението за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник од Прилеп зеде учество на Годишната конференција ИПА 2 Механизам за граѓанските организации која се одржа на ден 15.9.2016 година во х. Холидеј Ин во Скопје.
Целтта на конференцијата беше да претставниците на граѓанскиот сектор, Владата на Р.Македонија и Делегацијата на ЕУ да дискутираат за актуелните прашања кои го засегаат работењето на граѓанските организации како и да се претстават предизвиците и состојбите во функционирањето на ИПА 2 механизмот.
"Пристапниот процес не зависи само од Владата, туку и од сите граѓани. Затоа е неопходно вклучување на граѓанското општество во програмирањето, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на помошта од Европската Унија. ЕУ ќе ги поддржи сите консултативни процеси со намера да се овозможи поголема парципативност и инклузивност на граѓанското општество во програмирањето на ИПА" - изјави Никола Бертолини преставник на Делегацијата на Европската унија.
Додека, Александар Колекески од МЦЕО на отворањето на Конференцијата за ИПА2 механизамот за граѓанските организации пред присутните изјави: "Потребена е подолга и суштинска соработка помеѓу граѓанските организации и Владата која ќе биде поддржана и финансиски и ќе дава можност за долгорочност и одржливост".
На конференцијата учество зеде и Лидија Димова Претседателка на Национален совет за евроинтеграции, како и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација и голем број на граѓански организации. Исто така на конференцијата се избраа нови членови на секторските полиња од ИПА 2 механизмот за граѓански организации.
Целтта на конференцијата беше да претставниците на граѓанскиот сектор, Владата на Р.Македонија и Делегацијата на ЕУ да дискутираат за актуелните прашања кои го засегаат работењето на граѓанските организации како и да се претстават предизвиците и состојбите во функционирањето на ИПА 2 механизмот.
"Пристапниот процес не зависи само од Владата, туку и од сите граѓани. Затоа е неопходно вклучување на граѓанското општество во програмирањето, имплементацијата, мониторингот и евалуацијата на помошта од Европската Унија. ЕУ ќе ги поддржи сите консултативни процеси со намера да се овозможи поголема парципативност и инклузивност на граѓанското општество во програмирањето на ИПА" - изјави Никола Бертолини преставник на Делегацијата на Европската унија.
Додека, Александар Колекески од МЦЕО на отворањето на Конференцијата за ИПА2 механизамот за граѓанските организации пред присутните изјави: "Потребена е подолга и суштинска соработка помеѓу граѓанските организации и Владата која ќе биде поддржана и финансиски и ќе дава можност за долгорочност и одржливост".
На конференцијата учество зеде и Лидија Димова Претседателка на Национален совет за евроинтеграции, како и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација и голем број на граѓански организации. Исто така на конференцијата се избраа нови членови на секторските полиња од ИПА 2 механизмот за граѓански организации.
Труд за минималец – труд на врвка од чевел
Вознемирувачка студија насловена како „Труд за минималец„ (Labor on a shoestring) објавена во јуни 2016, од страна на Европската чевларска индустрија открива шокантни инфромации дека работниците што произведуваат чевли за луксузни брендови, земаат ниски плати и работат во лоши услови. Една од земјите во кои се прават чевлите, и е опфатена во истражувањето е и Македонија. Работници во сите шест земји (вклучително и Македонија) заработуваат екстремно ниски плати, кои се едвај доволни за да ги покријат нивните или основните потреби на нивните семејства. Во земјите од истражувањето, минималната плата е далеку од можноста да обезбеди пристоен животен стандард за работниците и нивните семејства, и не придонесуваа воопшто во битката против сиромаштијата. Истот така јазот помеѓу средствата потребни за живот и законската минимална плата е висока - понекогаш значително повисока дури и од јазот во во Кина.
За повеќе информации на следниот линк. |
Global youth unemployment is on the rise again
The ILO's "World Employment and Social Outlook 2016: Trends for Youth" provides updated figures on global and regional youth unemployment. It also looks at working poverty rates, decent work opportunities in both developed and developing economies as well as gender inequalities and migration trends among young people.
За повеќе информации на следниот линк.
За повеќе информации на следниот линк.
Повик за учество на теренски истражувачи
Повикот е затворен!
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник со поддршка од ФООМ – Фондација отворено општество Македонија ја реализира граѓанската иницијатива “Идентификација и заштита на работниците од трудова експлоатација“ во општина Прилеп. Застапувањето на правата на работниците е притисок кон донесувачите на одлуки и алармирање на јавноста за важноста на прашањето за трудовата експлоатација. Основната цел на иницијативата е да се воспостави механизам за информации и превенција од трудова експлоатација меѓу работниците. За успешно реализирање на иницијативата потребно е да се изврши теренско истражување со цел утврдување на постоење на трудова експлоатација спрема работниците од страна на работодавачите.
Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 31 август 2016 година на: е-маил [email protected]
(со назнака за теренски истражувач).
ВЕ МОЛИМЕ БЕЗ ТЕЛЕФОНСКИ ЈАВУВАЊА!
Повикот може да го превземете тука.
Пријавата може да ја превземете тука.
Прилеп, 22 август 2016 година
Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 31 август 2016 година на: е-маил [email protected]
(со назнака за теренски истражувач).
ВЕ МОЛИМЕ БЕЗ ТЕЛЕФОНСКИ ЈАВУВАЊА!
Повикот може да го превземете тука.
Пријавата може да ја превземете тука.
Прилеп, 22 август 2016 година
Заштита на работниците од трудова експлоатација
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник со поддршка од ФООМ – Фондација отворено општество Македонија ја реализира граѓанската иницијатива “Идентификација и заштита на работниците од трудова експлоатација“ во општина Прилеп. Застапувањето на правата на работниците е притисок кон донесувачите на одлуки и алармирање на јавноста за важноста на прашањето за трудовата експлоатација. Основната цел на иницијативата е да се воспостави механизам за информации и превенција од трудова експлоатација меѓу работниците. Крајниот рок на реализација на иницијативата е април 2017 година.
Прилеп, 19 август 2016 година
Прилеп, 19 август 2016 година
Честит 12-ти август - Меѓународен ден на младите
На 17 декември 1999 година во Обединетите Нации беше прифатена резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките кои директно влијаат на нивниот личен и општествен развој. Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ООН го прогласи 12 август за „Меѓународен ден на младите“ одбележувајќи го со низа активности и посветеност на подобрување на условите за живот и јавни политики насочени кон младите. Меѓународните владини и невладини организации обезбедија учество на младите на светско ниво со цел да ги поттикнат државите-членки да ги вклучуваат младите при подготовка и носење на успешни националните политики кои директно ги засегаат како целна група.
Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник – Прилеп се приклучува кон одбележувањето на 12 август препознавајќи ги младите како најважната алка на подобрување на пристапот до човекови права и слободи, воедно ги охрабрува да станат активен општествен чинител при подобрување на правниот, политичкиот, социјалниот, економскиот и интер-етничкиот живот во Република Македонија.
Здружение Достоинствен Работник исто така потсетува дека младите во Република Македонија покрај делата од омраза се соочуваат со целосна маргинализација во однос на подобрување на нивните услови за живот во општеството во целост, а особено во студентските домови, пристап до квалитетно образование и недостаток на автономноста на образовните институции. Покрај овие тенденции сведоци сме на масовно иселување на младите во потрага по подобри можности поради социјална и економска несигурност и игноратски однос на државата за нивните потреби. Имено, Република Македонија е на второто место во светот по невработеност на младите 54% (Евростат), која укажува на потребата од социјална и економска сигурност и стабилност. Покрај невработеноста и сиромаштијата, младите во Република Македонија се соочуваат со загрозување на нивната индивидуалност, слобода на изразување и здружување во сите области, страв од стигматизација, дискриминација и говор на омраза. Овие општествени феномени го завземаат јавниот простор и водат кон целосна сегрегација на општествените групи со цел да се оневозможи заедничко делување за подобар живот.
Здружение Достоинствен Работник останува доследен во своите напори преку едукација и поддршка на младите да ги охрабри да ја слават различноста наместо поделбите, да ја слават љубовта наместо омразата и солидарноста кон луѓете кои бараат поддршка во борбата за човековите права и достоинствениот живот кој еднакво ни припаѓа сите нам.
Со почит,
Секција на млади
Здружение Достоинствен Работник
Прилеп, 12.08.2016 година
Одржана работилница за стратешко планирање
Здружението Достоинствен Работник - Прилеп на ден 30 јуни 2015 година за своите членови реализира едуктивна работилница на тема: “Стратешко планирање“. Работилницата беше со цел членовите да се запознаат и да бидат вклучени во изработка на стратешкиот план на здружението за период од пет години со вклучување на конкретни цели, активности, мисија и визија. Воедно, стратешкото планирање е процес кој гарантира одржливост и развој на една организација.